Ана Ивановиќ купи луксузна вила на село и се пофали со ентериерот во кој ќе ужива со популарниот фудбалер (ФОТО)

Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер живеат во многу среќен брак, а имаат два сина Лука и Леон.

Регионалната тенисерка Ана Ивановиќ на својот Твитер профил откри неколку кадри од својот дом, а се гледа дека е луксузно уреден.

Имено, тие купиле луксузна вила во селото Вестендорф во Австрија, која содржи околу 400 метри квадратни и чинела 3,5 милиони евра, пренесува Блиц.рс.

Во рамките на куќата има огромен двор кој содржи тениско и фудбалско игралиште.

За самата внатрешна декорација била задолжена Ана, која целиот мебел и детали го избрала во посветли тонови како беж, сива и бела боја.

Таа често споделува фотографии од својата кујна, каде особено сака да поминува време пробувајќи нови јадења за своето семејство.

Да потсетиме, Ана и Бастијан се заедно од 2014 година, се венчаа две години подоцна, а имаат два сина Лука и Леон.