Ангелов: Подготвени сме, сите три противпожарни авиони ќе бидат функционални ова лето

 – Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истакна дека надлежните институции се подготвени и искоординирани за можноста од пожари по високите температури.

-Вчера одржавме координација на која учествуваа сите институции кои имаат надлежност во гасење на шумски пожари, се искоординиравме, донесовме неколку заклучоци и имаме намера во понеделник или вторник да ја информираме јавноста за бројот на државните ресурси, но авионите ќе бидат функционални ова лето, потенцира тој.

Ангелов информира дека за викендов надлежните институции имаат на располагање четири хелихоптери и еден авион.

– За овој викенд имаме на располагање четири хелихоптери и еден авион. Другите два мислам дека се вратени, мислам дека се работеше за формален редовен сервис. Така што на авионите можеме да сметаме ова лето, појасни Ангелов.

Упати апел до граѓаните, да бидат исклучително внимателни при движење во природа.

Бидејќи најнепопуларната мерка е забрана за движење во природа, таа мерка ќе се обидеме да ја избегнеме. Но граѓаните треба да бидат совесни и внимателни при фрлање на отпушоци, при работа со алат кој што искри и да не се палат огнови, премногу е топло, тревата за неколку дена ќе биде барут сува и лесно запаллива, рече првиот човек на ЦУК.