Англиски фудбалски репрезентативец суспендиран поради обложување

– Англиската фудбалска федерација (ФА) го казни напаѓачот на премиерлигашот Брентфорд, Иван Тони, со осум месеци неиграње поради прекршување на правилникот за обложување.

Со истрагата е утврдено дека 27-годишниот Тони во периодот меѓу февруари 2017 и крајот на јануари 2021 година се обложил 232 пати на фудбалски натпревари што подоцна и самиот фудбалер на Брентфорд го потврди.

Тони до 16 јануари 2024 година нема да може да настапува за својот клуб, како и за англиската репрезентација за која дебитираше претходно оваа година.

Суспендираниот напаѓач на Брентфорд со 20 голови е трет на листата најдобри стрелци сезонава во Премиерлигата. Пред него се само Ерлинг Халанд од Манчестер сити (36 голови) и Хари Кејн од Тотенхем (27).