Кој би помислил дека во ерата на електронската пошта ќе се занимаваме со стариот начин на испраќање пораки. Многу луѓе отсекогаш биле заинтересирани да откријат како гулабите, откако ќе донесат порака, знаат да се вратат дома.
Нивните „поштенски“ способности ги користеле, по Персијците, и старите Римјани и Грци. Со развојот на телеграфот, гулабите стануваат се повеќе невработени, а дневно летале и до 1200 км.
Дури и светски познатата новинска агенција Ројтерс ги користела нивните услуги за пренос на информации од берзата.