Членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен шеф на дипломатијата на Македонија, Антонио Милошоски, остро го критикуваше именувањето на Талат Џафери за премиер на техничката влада, велејќи дека тој дезертирал од македонската армија и не може да биде добар премиер.
– Не очекувајте Талат Џафери да биде добар премиер на Македонија. Дезертер од војска не може да води држава како што треба. ДУИ нема квалитет да ја води државата. СДСМ, ДУИ и другите партнери денеска ги направија Македонците станари во сопствената држава. Денеска треба да кажат тие што велат дека е историски ден затоа што историски Македонија има повеќе долгови, корупција, пасоши за криминалци во светот, а низ историјата имаме повеќе луѓе на американската црна листа – рече меѓу другото Милошоски.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката влада, иако предупредија дека нема да гласаат за владата.