Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека играчот од средниот ред Едуардо Камавинга е неприкосновен во тимот.
– Камавинга сега е недопирлив. Така ќе биде и во иднина. Сигурен сум дека е на вистинскиот пат. Да, понекогаш Едуардо прави гафови, но многу луѓе забораваат на неверојатните натпревари што ги играше претходно, рече Анчелоти на прес-конференција.
Дваесетгодишниот фудбалер оваа сезона одигра 25 натпревари во Ла Лига, забележа една асистенција. Играчот од средниот ред е во тимот од летото 2021 година.
За Камавинга интерес пројавуваат неколку врвни европски екипи, но тешко дека Реал ќе се согласи за негова продажба.