„АПСОЛУТНА ПРИВАТНОСТ“ Кралот Чарлс ќе биде зад параван за време на помазанието со свето масло

За време на крунисувањето на новиот британски крал Чарлс следната недела, ќе се користи нов, специјално дизајниран тростран екран, кој на кралот ќе му обезбеди „апсолутна приватност“ за време на делот од церемонијата во која Чарлс ќе биде помазан со свето масло. .

Според Ројтерс, кралот ќе биде помазан од свештеник во Вестминстерската опатија со свето масло благословено во Ерусалим, на рацете, градите и главата, непосредно пред да биде крунисан.

Бакингемската палата објави дека чинот на помазание се смета за „приватен момент меѓу суверенот и Бог“, а за таа цел ќе се користи параван.

„Претходно тоа беше настрешница, која навистина не даваше вистинска приватност, беше повеќе фигуративна. Сега овој тристран екран обезбедува апсолутна приватност“, рече дизајнерот на екранот Ник Гутфронд.

Имаше шпекулации дека Чарлс може да им дозволи на луѓето да го видат помазанието, но кралската историчарка Кејт Вилијамс рече дека тоа ќе биде изненадување.

„Тоа е толку приватен, свет момент“, рече таа.

Палатата соопшти дека за изработката на екранот е користена комбинација од традиционална изработка и современи методи и дека ќе има дрвени столбови на врвот со бронзени орли со златни листови.

Нејзиниот централен дизајн, избран од сè уште некрунисаниот крал Чарлс, е дрво со имињата на сите 56 земји од Комонвелтот.

Се вели дека дизајнот на дрвото е инспириран од витражниот прозорец во кралската капела на палатата Сент Џејмс, кој ѝ бил даден на покојната кралица Елизабета за да го одбележи нејзиниот Златен јубилеј во 2002 година.