Арапската земја следна на мета на Иран!? Јордан објави дека соборил проектили кои биле насочени кон Израел

Јорданските власти соопштија дека армијата на оваа арапска земја синоќа пресретнала ракети кои навлегле во нејзиниот воздушен простор со цел да го заштити населението.

Ова го пренесува Тајмс оф Израел, кој наведува дека станува збор за експлозивни дронови и ракети истрелани од Иран кон израелска територија.

Израелските медиуми цитираат два регионални безбедносни извори кои велат дека Јордан, кој се наоѓа меѓу Иран и Израел, ги ставил своите системи за противвоздушна одбрана во состојба на готовност за пресретнување на сите беспилотни летала и проектили кои ја нарушуваат територијата на земјата.

Ф-16, авион

– Во таа прилика (пресретнување на проектили) дел од шрапнелите паднаа на повеќе места, но тие не предизвикаа значителна штета, ниту го повредија населението – изјавија јорданските власти.

Иранската новинска агенција Фарс цитираше извор кој вели дека Техеран внимателно го следи Јордан, кој би можел да стане следната цел во случај на какви било потези за поддршка на Израел.