Парична казна за Твитер откако одби да го испочитува налогот за претрес на профилот на Трамп на таа мрежа

Американскиот специјален обвинител што го истражува Доналд Трамп доби судски налог за претрес на профилот на поранешниот претседател на Твитер, но компанијата одби да ја почитува одлуката, се вели во мислењето на Апелацискиот суд издадено денеска.

Апелациониот суд на округот Колумбија ја потврди одлуката на федералниот судија да го процени потегот на Твитер, сега именуван како Х, како непочитување и го казни со 350.000 долари.

Американски медиуми јавија дека во тие околности, судот не го злоупотребил своето дискреционо право. Во мислењето на судот се вели дека налогот е поврзан со истрагата за настаните околу опсадата на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година од поддржувачите на Трамп додека тој се уште беше претседател.

Трамп во објава на својата веб-страница рече дека Министерството за правда „тајно го нападнало неговиот профил на Твитер, за да не биде информиран за голем напад врз неговите граѓански права“.