Археолошкиот локалитет Стоби го посетуваат и странски туристи

Од почетокот на годинава археолошкиот локалитет Стоби го посетиле повеќе од 9 илјади локални и странски туристи.

„Археолошкиот локалитет Стоби летово го посетуваат голем број локални и странски туристи. Го посетуваат индивидуално, а на посета доаѓаат голем број туристи организирани во групи преку туристички агенции. Истовремено, голем е и бројот на странски и други делегации кои со голем интерес доаѓаат во посета на Стоби“, велат од Јавното претпријатие „Стоби“.

Додаваат дека покрај странските посетители има и македонски иселеници кои доаѓаат од Австралија, Америка и Канада.

Оваа компанија очекува годинава да го надмине рекордниот број на посетители од 18.000 пред пандемијата, додека археолошкиот локалитет Стоби е отворен секој ден, дури и за викенди.