Астроботик потврди дека Перегрин нема да стигне до Месечината

Компанијата која се надева дека ќе биде првото приватно претпријатие што ќе слета на Месечината потврди дека целта на мисијата е недостижна. За потсетување Астроботик со помош на ракетата Вулкан на United Launch Alliance, во понеделникот ја лансираше својата роботизирана вселенска сонда Перегрин.

Но, и покрај успешното одвојување од ракетата и активирањето на погонските системи на леталото, Перегрин имаше проблем со истек на погонското гориво, што оневозможи низите од сончеви панели на вселенското летало да се насочат во правец на. Тоа значеше дека енергетските на системите на сондата им беше ускратен постојаниот доток на енергија неопходен за спроведување на мисијата. Истекувањето на погонско гориво значи и дека Перегрин ќе нема доволно гориво за да изврши контролирано слетување на површината на Месечината.

Првично тимот на мисијата на Астроботик се обидуваше да ги реши овие проблеми, но сега се реши да ја напушти мисијата за слетување на Месечината.

Во текот на ноќта, тимот се соочи со уште еден проблем со насочување на вселенското летало [кон Сонцето], но продолжува со напорите. Вселенското летало почна да се отклонува од Сонцето и го намали производството на соларна енергија. Тимот успеа да го ажурира контролниот алгоритам и да го реши овој проблем. Батериите се целосно наполнети“, се вели во соопштението. Но веднаш потоа беше додадено дека „Со оглед на истекувањето на горивото, за жал, нема шанси за меко слетување на Месечината. Сепак, сè уште имаме доволно гориво за да продолжиме да управуваме со возилото како вселенско летало. Тимот ги ажурираше своите проценки и во моментов очекуваме да остане без гориво за околу 40 часа од сега“.

Неуспехот да го заврши слетувањето на Месечината значи дека Peregrine ќе биде изгубен во вселената, заедно со неговиот товар.

Astrobotic треба да испрати уште еден лендер на Месечината подоцна оваа година. Таа мисија, наречена Грифин, треба да распореди неколку експерименти на јужниот пол на Месечината, вклучувајќи ги и оние што треба да бидат тестирани на неуспешната мисија Перегрин.

Оваа година се очекува уште една американска претпријатие Intuitive Machines да се обиде да влезе во историјата како прва која извела комерцијално слетувања на Месечината. Тие треба да ја лансираат нивната мисија IM-1 со ракета на  SpaceX кон средината на февруари оваа година.