Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе може да го избере коалициониот партнер

„Пред се, мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе може да го избере коалициониот партнер, а не коалицискиот партнер да не избере нас“, изјави Антонио Милошоски, заменик на ВМРО-ДПМНЕ .

„Според анкетите што ги имаме на терен, ВМРО-ДПМНЕ ќе има двојно повеќе пратеници во однос на СДСМ. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе може да избере коалициски партнер врз основа на она што ќе го понудиме како програмски цели за подобрување на состојбите во Македонија“, појасни тој.

Милошоски додаде дека политичката цел на ВМРО-ДПМНЕ е да има сериозна изборна граѓанска поддршка за да биде независна и да формира влада без ДУИ.

И затоа мислам дека во ниедна влада не би имале место на ликови како Талат Џафери, Рамиз Мерко, Артан Груби и други“, потенцира Милошоски.

„Се гледа дека и во пратеничката група на ДУИ има поединци на кои им е јасно дека доаѓа промена на власта и дека времето на Артан Груби и Рамиз Мерко минува“, нагласи тој.