Ковачевски: На 9 мај, на Денот на Европа, ќе ја создадеме европската коалиција

На 9 мај, на Денот на Европа, ќе прогласиме победа и ќе ја формираме европската коалиција, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски за „Канал5“ за техничката влада од 2016 година, вели дека нема никој во светот каде некој учествува во техничката влада и не гласа за неа.

Тој додаде дека бидејќи не се исполнети обврските од Пержинскиот договор, биле предложени министри од СДСМ и таа влада имала 95 гласа.

„Комплимент е што опозицијата бараше укинување на техничката влада, но тие две години бараа предвремени избори, наместо да бараат укинување на техничката влада“, рече Ковачевски.

Премиерот додава дека СДСМ е прогресивна партија и покажа дека е фактор на стабилност во државата.