Атлетико Мадрид и Бешикташ ќе одиграат хуманитарен натпревар за настраданите од земјотресот

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид следната недела ќе игра со Истанбул Бешикташ во хуманитарен натпревар за помош на настраданите од земјотресот во Турција.

– Доаѓаме во Истанбул да одиграме хуманитарен натпревар за погодените од земјотресите – објави денес Атлетико Мадрид на Твитер.

Од шпанскиот клуб потврдија дека натпреварот ќе се одигра на истанбулскиот Водафон парк во среда, на 12 април, со почеток во 19:30 часот по средноевропско време.

Бешикташ на својата веб-страница објави дека билетите ќе бидат пуштени во продажба во недела, а приходите ќе бидат наменети за помош за изградба на училишта во подрачјето погодено од земјотресот.

Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на почетокот на февруари.