Левица: Подобрување на социјалниот статус на Ромите, дискриминацијата да биде надмината

Политичката партија Левица упатува искрени честитки по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, и се солидаризираме со ромската етничка заедница во Република Македонија. Покрај сите системски предизвици, го поздравуваме фактот што сѐ поголем дел од ромската заедница се бори за признавање на нивните права и за уништување на сегрегацијата. Во Македонија и во Европа сегрегацијата на Ромите е вечен проблем кој има потреба од системски пристапи за етапно решавање.

Ромите сѐ уште се соочуваат со дискриминација и изолација. Живеат во изолирани населени места и едноставно имаат отежнат пристап до образование и работни места. Ромската популација е најизложена на дискриминација по етничка основa. Левица се залага ваквата дискриминација да биде надмината преку делување за подобрување на свеста кај народот и преку законски регулативи за сегрегацијата да биде искоренета.

Левица се залага и за подобрување на социјалниот статус на Ромите во Република Македонија првенствено преку подобрување на образованието, здравствените услуги, животниот стандард и културната разновидност.
Редовно ги актуелизираме овие прашања за општествена интеграција на Ромите во Македонија преку институционалните механизми од општинските совети и републичкото Собрание!
BAHTALO 8 APRIL!