Емили Ратајковски: Ме гледаа само како парче месо

Емили Ратајковски, актерка и модел, во интервју за Лос Анџелес Тајмс ја откри причината зошто ја оставила глумата зад себе.

Таа рече дека во светот на глумата, на неа гледаат како на „парче месо“, а не како на сериозна актерка и уметник.

-Не се чувствував како да ме доживуваат така, туку како парче месо кое луѓето го оценуваат прашувајќи: „Има ли таа нешто друго освен градите“ – кажа Емили.

Таа рече дека не сака да биде играчка за моќни мажи во Холивуд и го отпушти нејзиниот менаџер и актерски агент во 2020 година.

– Не им верував. Можам сама да одговарам на телефонски повици. Јас ќе носам мои одлуки. Никој од вас не се грижи за моите интереси и сите мразите жени – нагласила Емили.