Ахмети- Вадефул: Интеграцијата во ЕУ ќе ја промени политичко-економската реалност на Западен Балкан

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети оствари средба со потпретседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ и претседател на германската делегација во НАТО, г-дин Јохан Вадефул.

Фокусот на состанокот помеѓу Ахмети и Вадефул беа уставните измени и процесот на европската интеграција.

Претседателот Ахмети изрази благодарност за досегашната германска поддршка и подготвеност за продлабочување на понатамошната соработка во служба на европската иднина на Република Македонија.

И двајцата соговорници споделија исти ставови за очигледниот напредок што земјата го постигна на патот на европската интеграција.

Ахмети и Вадефул исто така разговараа за чекорите што треба да ги преземе Македонија со цел завршување на процесот на уставните измени како многу важно прашање, додека опозицијата треба да дејствува во согласност со повиците на меѓународните партнери за деблокирање на интеграцијата на земјата во ЕУ.

На состанокот се истакна дека интеграцијата во Европската Унија може да се користи како алатка за промена на реалноста на Западен Балкан, нагласувајќи ја поддршката за регионалниот пазар како и зголемување на економската размена.