Али Ахмети вчера во Меморијалниот комплекс во селото Сопот, каде во масакрот во 1944 година ги загубија животите 64 Албанци од ова село, Али Ахмети рече дека ќе паднат границите со Албанија и Косово, а унијата ќе биде во Европа со другите народи. Тој нагласи дека Албанците никому не му должат да останат затрупани и изолирани.
„Ќе ги отстраниме границите како што Европа ги отстрани. Затоа што не должиме никому, за да останеме изолирани и прикриени. Ние ја имаме иднината во Европа. Албанците ги отстрануваат границите со своето членство во Европа, како што сме во НАТО заедно со Албанија и утре со Косово. За мене не е големо достигнување што границата ќе стане еднострана, за мене најголемо достигнување е отстранувањето на границите, бидејќи падот на границите е иднината на народите и слободата на народите“, рече Ахемти.