БАБА ПРОТИВ ВНУКА – Почнува битката за богатството на Елвис: “Присли тврди дека потписот на тестаментот на нејзината ќерка бил фалсификуван”
Лиза Мари, единственото дете на Елвис Присли, почина на 12 јануари на 54-годишна возраст по срцев удар.
Присила Присли и нејзината внука Рајли Киу повеќе не зборуваат поради одлуката на Присила да го оспори тестаментот на нејзината ќерка Лиза Мари Присли , откриваат извори блиски до семејството.
Рајли тагува за загубата на нејзината мајка и е уништена што сè уште треба да се справи со битката за нејзиниот имот.
– Присила е убедена дека ќе победи на суд. Рајли и Присила моментално не комуницираат, само преку нивните адвокати, објаснува изворот.
Додека Рајли (33) би сакалa спорот да го реши приватно, и двете страни се подготвуваат за долга битка на суд. Срцето и е скршено бидејќи знае дека нејзината покојна мајка не би го сакала ова, пишуваат медиумите. Иако Рајли се обидува да остане позитивна, таа е под голем стрес, вели изворот.
Присила (77) се расправа против валидноста на тестаментот на нејзината покојна ќерка, од кој била елиминирана, тврдејќи дека потписот на Лиза Мари Присли на амандманот на тестаментот од 2016 година изгледал „неконзистентен“.
Додека некои велат дека нејзиниот потег е само „грабање пари“, други тврдат дека Присила е навистина „убедена дека старите документи се фалсификувани“.
Сепак, пријателите на Лиза Мари се убедени дека таа би била лута на тоа што се обидува нејзината мајка. Всушност, изворите на почетокот на овој месец рекоа дека мајката и ќерката не биле во добри односи пред нејзината трагична смрт.
– Лиза не сакаше ништо да прави со нејзината мајка. Таа во суштина беше отуѓена од Присила во последните седум до осум години. Разговарале само кога требало, изјавила нејзината пријателка.
Лиза Мари, единственото дете на Елвис Присли , почина на 12 јануари на 54-годишна возраст по срцев удар.
Нејзиниот ковчег бил ставен покрај ковчегот на нејзиниот татко и син Бенџамин коj извршил самоубиство во 2020 година на 27-годишна возраст.