Баерн не може да си дозволи нови асови како Кејн

Баерн Минхен ќе работи на нови влезни трансфери ова лето, но тие нема да бидат за истите суми како што беше случај за Хари Кејн минатиот јули. Тогаш германскиот шампион му плати на Тотенхем 95 милиони евра.

– Ќе имаме финансиски опции на лето, но не и неограничени. Новите засилувања вклучуваат продажба за да имаме финансиски средства да направиме нешто. Не можеме да правиме трансфери како тој на Кејн секое лето. Ќе ни требаат 14-15 врвни играчи, изјави за „Билд“ директорот на Баварците, Макс Еберле, цитиран од германски „Фокус“.

Тој претходно призна дека клубот нема да прави обиди да го ангажира Јирген Клоп, кој го напушта Ливерпул на крајот од сезоната.

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е фаворит за оваа позиција.