БАКНЕЖОТ СКАПО ГО ЧИНЕШЕ: ФИФА го суспендираше Луис Рубиалес на три години

Ги прекрши основните правила на пристојно однесување.

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска го суспендираше поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) Луис Рубиалес на три години затоа што на подиумот ја бакна фудбалерката на шпанската репрезентација Џени Хермосо , откако победи на Светско првенство, пренесува Ројтерс.

Во соопштението не се дадени детали за суспензијата од страна на Дисциплинската комисија на ФИФА, која ги истражуваше обвинувањата против Рубиалес за кршење на „фундаменталните правила на пристојност“ и „однесување на начин што го омаловажува угледот на фудбалот и ФИФА“. Рубиалес нема да може да врши фудбалски активности на национално и меѓународно ниво во наредните три години.

На 20 август шпанската женска репрезентација ја совлада Англија со 1:0 во финалето на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд и за прв пат во историјата ја освои титулата светски шампион во женска конкуренција. Рубиалес потоа ги поздрави фудбалерите на подиумот.

Во присуство на 16-годишната принцеза Софија, ja фати за лицето и ја бакнал во устата шпанската репрезентативка Џени Хермосо. После тоа, тој се прегрна со некои други фудбалерки, како и со кралицата Летиција.

Рубиалес поднесе оставка како претседател на РФЕФ на 10 септември по голем притисок и критики откако ја бакна Хермосо во уста. Тој се извини и рече дека тоа е взаемен гест, но фудбалерката рече дека не и се допаѓа, не се согласува и го обвини Рубиалес за сексуален напад.

Ројтерс пренесува дека поранешниот претседател на РФЕФ има десет дена да побара од ФИФА аргументирана одлука. Рубиалес може да се жали на одлуката за суспензија до Комитетот за жалби на ФИФА.