Балашевиќ со ноќи не спиел поради Јокиќ: Панонскиот морнар му се поклони на српски кошаркар, а вака му помогнал музичарот (ФОТО)
Ѓорѓе Балашевиќ беше голем фан на Никола Јокиќ – кошаркар кој со Денвер Нагетс ја освои титулата во НБА лигата и испиша историја во овој спорт.
Јокиќ ја прослави титулата во прегратките на сопругата Наталија и ќерката Огњена, а овие сцени го шокираа и Балканот и остатокот од светот.
Честитките не изостанаа, а меѓу нив беше и Оливера Балашевиќ, сопругата на покојниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, која редовно ги следеше натпреварите на Никола.
На својот Инстаграм профил Оливера објави фотографија од панонскиот морнар на која Ѓоле ја следи играта и го бодри Никола Јокиќ.
– По непроспиената ноќ трпеливо чекаше да се разбудам и утрото да го започне со реченицата – „Не ви се верува што им направи Јокара синоќа!!! – напишала Оливера Балашевиќ и ја тагнала Наталија Јокиќ, сопруга на Никола Јокиќ, а објави и фотографија со порака.
Наталија Јокиќ и’ се заблагодари на Оливера за прекрасните зборови и истакна колку нивното семејство ја почитува работата и музиката на Ѓорѓе Балашевиќ.
– Ви благодарам многу за овие зборови. Знам само дека ти си голем дел од нашите животи. И кога е добро и кога е малку помалку добро. Секој збор, музика и песна го најде својот пат до нас и начин да остане во нас. Ви благодарам! – и’ возврати Наталија на Оливера.
По смртта на Ѓоле, Јокиќ зборувал за Балашевиќ и го означил како „виновник“ кој придонел да ја натера девојката да му стане сопруга.
– Голем љубител сум на ликот и делото на Ѓорѓе Балашевиќ, имав измешани емоции. Не успеав да го запознаам, да му се заблагодарам што ми помогна да ја „излажам“ мојата сегашна сопруга да ми биде девојка, а сега и жена. Жал ми е за тоа и мислам дека ова е голема загуба за сите нас кои го сакавме – изјави Јокиќ во разговор со Александар Жигиќ.