СДСМ: „Рамо до рамо до победа“ со граѓаните на Кочани

Членката на Извршниот одбор Мелиса Ценовска Серафимовска и Оливер Спасовски денеска беа меѓу граѓаните на општина Кочани, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.

Пред присутните тие зборуваа за важноста од потребата да продолжи дијалогот со сите политички чинители, со цел побрза реализација на стратешката цел – полноправно членство во НАТО.

– Добро е што по лидерската средба имаме напредок и дојдовме до точка, каде е потребно дијалогот да продолжи и да се донесат потребните уставни измени. Овој собраниски состав има полн легитимитет и мандат да го стори тоа. Важно е државата да исчекори напред и да ги отвориме перспективите за граѓаните, затоа што сите ние како политичари имаме одговорност и пред своите сограѓани и пред нашата татковина, да ја обезбедиме европската иднина, порача Спасовски во Кочани.

СДСМ и во претстојниот период продолжува на терен, меѓу граѓаните преку караванот „Рамо до рамо до победа“ но и преку другите редовни партиски активности.