„Баленсијага“ не престанува да шокира: Од нивната ‘кујна’ овој пат излегоа машки балетски чевли, а нивната цена е вистинска ‘ситница’ (ФОТО)

Општо познато е дека ретко кој маж сака балентаки, па дури и кај жените

Модната куќа „Баленсијага“ не престанува да шокира, а овој пат имаат ново „почастување“ за мажите. Иако е општо познато дека машкиот пол во никој случај не е за балетанки и дека не сакаат ни да ги гледаат на жени, „Баленсијага“ очигледно помислил дека е време и мажите да почнат да ги носат.

Балетанки под името „Леополд“ се најновиот модел на балетанки, но за мажи. Новиот модел можете да го најдете на веб-страницата на брендот и тие доаѓаат во тиркизна, црна или светло-беж боја.

Кога станува збор за цената, „чекорите како лесни облаци“ можат да станат за само 750 евра – ситница.

Инаку, балетанките беа прикажани на ревијата пролет/лето 2023 година на овој бренд, а нивните главни карактеристики се сатен, заоблен горен дел и класичен лак.

Парчињата се произведуваат во ателје во Тоскана, а одредени бројки се веќе распродадени.

Модната куќа „Баленсијага“ ги навикна модните ентузијасти на често бизарни парчиња облека, но и на поместување на родовите граници поврзани со одредени предмети кои се типично машки или женски.

Во февруари тие го привлекоа вниманието со новата колекција на чевли со прилично бизарен дизајн со исцртани прсти. Самата колекција е наречена „фетиш“.

Не сме сигурни колку добро ќе биде прифатена оваа нова идеја, особено ако се земе предвид дека оваа модна куќа сè уште се опоравува од скандалот кога за потребите на кампањата беа фотографирани деца со садо-мазо мечки, а по што многу познати личности ја откажаа соработката.