ДРАМА ВО АВИОН, БЕБЕ ИЗЛЕТАЛО ОД РАЦЕТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ И УДРИЛО ВО ТАВАН: Авионот влетал во бура, а потоа се почнало да се распаѓа (ВИДЕО)

Драматичниот момент ги остави патниците да врескаат од ужас додека силните турбуленции предизвикаа хаос на летот. Храната, пијалокот и работите останале расфрлани на подот, па дури и на таванот на патот од Ангола до Португалија.

Инфлуенсерката Дијана Асис од Бразил била во авионот и споделила драматично видео додека авионот неконтролирано се тресел. Пилотот предупредил дека најверојатно ќе доживеат силни турбуленции – но патниците биле запрепастени од нивото на драстично тресење .

Дијана раскажа како била преплашена на, како што рече, нејзиниот прв меѓународен лет. На видеото се гледа како таа првично ги третира турбуленциите како шега и како се смее додека авионот почнува да вибрира, пишува The Sun.

Но, смеата набргу престанува кога силен тресок ќе го истури виното од нејзината чаша, распрснувајќи го таванот додека луѓето врескаат од ужас. Таа рече дека турбуленциите се случиле два часа по полетувањето, на лет од осум часа, и токму додека се служел ручекот, а храната била расфрлана низ целиот авион.

Дијана се качи на летот на TAAG Angolan Airlines откако застана во Луанда пред да продолжи за Португалија.

-Тоа траеше само неколку секунди, но беше доволно да повреди неколку луѓе, а екипажот укажа прва помош пред слетувањето –
Меѓу повредените, како што рече, има и бебе кое излетало од рацете на родителите и удрило во таванот, што го натерало капетанот да побара лекар да му помогне на детето.