Барбра Стрејсенд објави автобиографија: Откри анегдота за средбата со нејзиниот сопруг

Актерката и пејачка Барбра Стрејсенд го најави претстојното објавување на нејзините мемоари „My Name Is Barbara“, а по тој повод сподели анегдота за тоа како го запознала нејзиниот сегашен сопруг, актерот Џејмс Бролин.

Кога гостувала во една телевизиска емисија, рекла дека е секогаш искрена и кажала дека кога го запознала Бролин, го фатила за коса и рекла „кој ти ја зафркна косата“, пренесува CNN.

„Што друго би можела да кажам? Здраво, јас се викам Барбара. Навистина“, рече Барбра Стрејсенд.

Барбра Стрејсенд и Бролин се запознале во 1996 година преку заеднички пријатели, а Бролин за средбата рекол дека нејзината директност ја сметал за „многу привлечна“, додавајќи дека се заљубиле „на прв поглед“.

Двојката се венчала во 1998 година и двајцата имаат деца од претходните бракови. Книгата „Се викам Барбара“ ќе биде објавена на 7 ноември.