Бајден и Кристерсон разговараа за одбранбената соработка и членството на Шведска во НАТО

Бајден и Кристерсон одржаа средба во Вашингтон

Американскиот претседател Џо Бајден и шведскиот премиер Улф Кристерсон разговараа за продлабочување на одбранбената соработка меѓу двете земји, вклучително и новиот Договор за одбранбена соработка меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Шведска, јавува Anadolu.

Бајден и Кристерсон одржаа средба во Вашингтон.

Белата куќа соопшти дека двајцата лидери разговарале и за прашањето за членството на Шведска во НАТО.

Според соопштението, лидерите разговарале за посветеноста да се поддржи Украина и координацијата на трансатлантските напори против Кина.

Двајцата лидери разговараа и за продлабочување на одбранбената соработка меѓу двете земји, вклучувајќи го и напредокот кон новиот договор за американско-шведска одбранбена соработка.

За време на средбата, Бајден го пофали придонесот на Шведска за регионалната безбедност и особено ја нагласи нејзината посветеност да се приклучи на НАТО што е можно поскоро.

Бајден и Кристерсон разговараа и за прашања како што се климатските промени и соработката во областа на телекомуникациите.