Бајден и наложи на Владата да ги предаде на МКС податоците за воените злосторства извршени од Русија во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден и нареди на американската влада да започне со доставување до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг податоци за наводните руски воени злосторства во Украина, изјави американски претставник. Пентагон се спротивставува на таквиот потег, а претставници на американското Министерство за одбрана во приватни разговори велат дека секоја отворена соработка со Судот во Хаг може да го отвори патот за политизирано гонење на американскиот воен персонал кој служи во странство.
Во март МКС, кој е постојан воен трибунал, издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради наводно депортирање деца од Украина, што би било воено злосторство.
Информацијата прв ја објави весникот Њујорк Тајмс, според кој администрацијата на Бајден почнала да испраќа известувања за тоа прашање до американските конгресмени.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа одби да образложи каква било соработка со судот во Хаг.
Според него, САД веќе испратиле тимови од меѓународни истражители и обвинители да му помогнат на украинското Јавно обвинителство да подготви случаи за воени злосторства