Бајден: Се надевам дека прекинот на огнот ќе биде постигнат до Рамазан во Газа

Џо Бајден вчера изјави дека се надева дека ќе постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас до светиот муслимански месец Рамазан.

Запрашан дали очекува договор дотогаш, американскиот претседател рече: „Се надевам дека е така. Сè уште работиме напорно на тоа“.

„Сè уште не сме го постигнале тоа“, им рекол тој на новинарите додека ја напуштал Белата куќа, пренесува Би-Би-Си.

Се известува дека тука ќе биде вклучен и договор – ослободување на израелски заложник за десет палестински затвореници.

Муслиманскиот свет месец, во кој верниците постат од утро до мрак, ќе започне на 10 или 11 март. Точниот почеток на Рамазан се одредува со првото гледање на полумесечината, па може да варира од земја до земја.