Поранешната милионерка Кејтлин Пајл реши да го напушти луксузниот начин на живот и да стане дигитален номад. Кејтлин има 36 години и водеше компанија за лекторирање, а нејзиното богатство вредеше четири милиони долари, пишува New York Post.
Таа живеела со тогашниот сопруг во осумкатница на Флорида, но по разводот решила да го сврти животот и да ја продаде компанијата. Таа сега ја изнајмува својата палата со 18 соби, за која морала да плаќа околу 180.000 долари годишно како трошоци за одржување, преку Airbnb за 25.000 долари месечно.
Кејтлин го купила комбето за 88.000 долари и вложила дополнителни 102.000 долари (нешто помалку од 94.000 евра) за негово обновување. Сега таа патува низ Америка пробувајќи нови активности како планинарење, додека работи и на интернет како животен тренер.
„Ова беше најдобрата одлука што сум ја донела.”
“Порано одев на неколку скапи одмори годишно. Тоа не беше одржливо. Сега трошам од 20 до 30 долари дневно и го живеам животот каков што отсекогаш сакав да го живеам”, признала таа и додала дека не планира да да се откаже од номадскиот живот.