Познатата пејачка земала пет милиони за да настапи на СВАДБА: Политичари и моќници насекаде, но оваа фотографија ги насмеа сите

Ријана, музичка ѕвезда и една од најуспешните жени во областа на козметиката благодарение на нејзиниот мултимилионски бренд „Фенти“, ја прифати поканата да пее на свадба во Индија и нејзиниот мини концерт ги чинеше младенците пет милиони долари.

Ријана беше ангажирана да настапи на церемонијата пред официјалната венчавка на најбогатиот човек во Индија кој немаше проблем да и исплати пет милиони на пејачката за настапот.

Концертот кој беше увертира на венчавката ги собра боливудските ѕвезди, клучните луѓе од најголемите компании во светот , политичарите и луѓето од светот на музиката. Имено, венчавката е замислена како тридневен настан и настапот на Ријана е само дел од програмата која трае три дена.

Целата организација, според извори на „Дејли мејл“, чинела 120 милиони, плус трошоци за гостите од околу 20 милиони долари.

Извори блиски до Анант Амбанис велат дека трошоците ќе бидат уште поголеми кога свадбата „ќе се одржи“ во јули во Мумбаи.

Таткото милијардер на Анант и платил на Бијонсе да настапи на роденденот на неговата ќерка во 2018 година, па настапот на Ријана и парите не се ништо за патријархатот на семејството Амбанис.

Настапот на пејачката очекувано заврши на социјалните мрежи бидејќи луѓето постојано споделуваа клипови од нејзиниот настап и сите забележаа дека Ријана е одлична, но публиката е „целосно мртва“. Како што напиша некој во коментарите: „Со пари може да се купи се, но не и среќа бидејќи овие луѓе не знаат да уживаат“.

Покрај снимката од концертот на Ријана, најголеми симпатии освоија и кадрите од аеродромот каде Ријана се фотографираше со сите што и пријдоа.