БЕВ ПРЕПЛАШЕНА И ЗАГРИЖЕНА, СЕ БЕШЕ ПРЕМНОГУ! РОБОТИ работат во овој ресторан: Погледнете како ја послужија Катарина (ВИДЕО)
Една Катарина ги посети Јапонија и Токио, а по тој повод посети ресторан во кој работат роботи.
Таа на социјалната мрежа Тикток објави видео од ресторанот и објасни какво било целото искуство.
“Посетив ресторан во кој работат роботи. Добредојдовте во Токио и очигледно 3023 година. Во регионот Шибуја во Токио, постои ресторан кој на прв поглед изгледа како секој друг ресторан додека не ве пречекаат роботи на рецепција. Роботи кои ви носат храна и келнери роботи, сместени пред секоја маса.Вашиот личен робот е подготвен да разговара со вас на јапонски или англиски јазик. Да одговори трпеливо и детално на вашите прашања, но и да танцува и пее.
Искрено, не сум баш сигурна што мислам за ова, на почетокот се исплашив, потоа се зачудив, па на крајот се воодушевив. Но, не сум сигурна дали навистина би сакала нашата иднина да изгледа вака“, изјави Катарина во ова видео.
Во описот навела дека пред да пристигне знаела дека ќе го посети овој ресторан, но дека била исплашена поради целата ситуација.
„Многу пати за време на ова патување и престојот во Токио, изгубив трага не за времето, туку за годината и векот во кој сум , технолошки на напредок, вели таа.
На пример, да знаев пред да дојдам во Токио дека ќе го посетам овој ресторан, сигурна сум дека ќе бев возбудена и еуфорична, додека денес бев повеќе исплашена, па дури и загриженс да седам покрај робот кој ми зборува во неколку светски јазици, кој е способен да ја земе мојата нарачка и да ми ја донесе, кој ми поставува прашања и донесува заклучоци за моите емоции, мисли, потекло. Сето тоа е малку премногу. Но, едно е сигурно: ова треба да се доживее“, напиша таа.
„Одвратно“, Па овие ќе не уништат“, „Ужас“, „Бев толку гладен, не би одел да ме служат. Некој поради ова е без работа“, се дел од коментарите подолу на ова видео.
„А кој подготвува храна, ништо не е можно без луѓе “, е еден од коментарите на Тикток, а Катарина одговорила дека храната ја подготвуваат луѓе кои се во кујната и не се гледаат.