Бев толку грда што решив да ја купам убавината: Направила толку многу пластични операции што сега не можеме да ја препознаеме (фото)

Ѕвездата на социјалните мрежи Миа Дио потрошила 28.748 евра на пластични операции а почнала од само 16 години. Иако вели дека е непрепознатлива ѕвездата на социјалните мрежи е задоволна со својот нов изглед.

– Првото нешто што си го направив е тоа што всушност почнав сè уште кога бев многу мала, а користев лажна лична карта кога имав само 16 години за да набавам филери за усни, признава таа.

Таа додава дека по првиот филер постојано се враќала за повеќе. Така, уште тогаш станала зависна од филери за усни.

– Се одлучив за најевтиниот филер во тој момент, па не знаев ни што точно ставав во усните, вели Миа.

По завршувањето на средното училиште, Миа потрошила 4.600 евра за операција на носот.

– Конечно имав доволно пари да си го средам носот, па веднаш по дипломирањето платив и отидов на ринопластика.

„Го направив само врвот на носот, а резултатот беше толку сличен на мојот природен нос, што едноставно стана малку позашилен, што всушност само го подигна моето лице“, објаснува таа.

Миа потоа почнала да експериментира со ботокс за да ги спречи брчките.

-Почнав да експериментирам и со процедурите за ботокс. Иако беше многу забавно да се експериментира со ова, резултатите не се долготрајни, вели Миа и признава дека и покрај краткорочните резултати, таа сè уште ги користи третманите за важни настани.

По ова Миа отпатувала во Турција за да си ги поправи забите, пишува The Sun.

– Испратив порака во стоматолошката клиника во Бодрум, Турција, направив 20 керамички навлаки, додава Миа, која оттогаш има неколку третмани со ботокс, филери во јаготките, а сето тоа го направила на неколку месеци.

Инфлуенсерката ги оперирала и градите.