Секој месец плаќала по 11.000 евра: Хали Бери тврди дека се работи за изнуда и жестоко се борела против тоа, судот одлучи вака

Хали Бери со години води судска битка со нејзиниот поранешен партнер Габриел Обри, со кој ја има ќерката Нала (15).

Актерката му плаќала на таткото на своето дете огромни суми пари односно 120.000 евра на месечно ниво, за да го издржува детето. Сепак, таа го окарактеризира како изнуда. Судот неодамна пресуди во нејзина корист.

Прво, во 2014 година, беше одлучено Хали Бери да му плаќа на Габриел Обри месечно околу 15.000 евра плус паушална сума од 107.000 евра. Таа сето ова го окарактеризира како изнуда.

Таа можеше да ја преполови исплатата на 8.000 долари во 2021 година, но и’ беше наложено да плати 4,3 отсто од секој годишен приход што ја надминува границата од 1,95 милиони долари.

Daily mail пишува дека Хали Бери, која заработува 10 милиони по филм, нема да плаќа повеќе од 109.650 долари годишно.

„Хејл ќе продолжи да му плаќа на Габриел 4,3 отсто од кој било приход над 1,95 милиони долари, како и дополнителна алиментација на Нала, меѓутоа, дополнителната алиментација според овој став нема да надминува 109.650 долари годишно, што е разлика помеѓу 4,3 отсто од 1,95 милиони долари и 4,5 милиони долари“, се наведува во судскиот документ.

Двете страни се согласуваат дека дополнителната поддршка за деца над 109.650 американски долари годишно ќе ги надмине разумните потреби, се додава во документот.

Новата одлука важи додека Нала не заврши средно образование, односно додека не наполни 19 години.

Хали Бери и Габриел Обри почнаа да се забавуваат во 2005 година по разводот од нејзиниот втор сопруг Ерик Бенет. Тие се разделија пет години подоцна, а потоа започнаа битка за старателство над нивната ќерка. Судот донесе одлука за исплата на алиментација.

Актерката, која беше во брак со Дејвид Џастин, се омажи за Оливие Мартинез во 2013 година, со кој го има синот Мек. Тие се разведоа во 2016 година.