Бегај му честита на Ердоган: Партнерството и братското пријателство меѓу Албанија и Турција дополнително ќе расте

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај синоќа му честиташе на Реџеп Таип Ердоган, кој беше реизбран за претседател на Турција, функција на која се наоѓа од 2014 година.

– Срдечни честитки Реџеп Тајип Ердоган за вашиот реизбор! Партнерството и братското пријателство меѓу Албанија и Турција ќе продолжи и ќе расте понатаму,  напиша Бегај на социјалните мрежи.

Претходно победата на Ердоган му ја честиташе и премиерот Еди Рама.

– Честитки за победата господине претседателе, напиша Рама на Фејсбук. 

Честитки до претседателот Ердоган упатија и лидери на политички партии.