Без вода улицата „Стефан Јакимов Дедов“ и дел од „Владимир Полежиновски“

– ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје  известува дека денеска, од 11:35 часот, без вода ќе бидат корисниците од улицата „Стефан Јакимов Дедов“ и дел од „Владимир Полежиновски“ во Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради скината цевка на „Стефан Јакимов Дедов“ бб (спроти бараките на ЈП „Улици и патишта“).

Корисниците ќе бидат без вода од 11:35 часот до завршување со санација на дефектот.