Без одлука за субвенциите, автобусите остануваат во гаража, велат од синдикатот на ЈСП

Првиот синдикалец на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, Миќо Стојановски, во изјава за медиумите, пред просториите на Град Скопје, рече дека од девет часот утрово ниту приватните, ниту автобусите на Јавното претпријатие не сообраќаат низ улиците на Скопје. Како што кажа тој, работата ќе продолжи ако на денешната вонредна седница на Советот биде усвоена одлуката за исплата на субвенциите за претпријатието.

„Ако парцијално биде донесена одлука, или одлука месец за месец, што на вработените не им одговара, зашто се ближат избори, кога не ќе може да се донесуваат одлуки, јавниот градски превоз во наредниот период ќе биде стопиран“, рече Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје.