БЕКЕР ИЗНЕНАДЕН ОД ОДНЕСУВАЊЕТО НА ЃОКОВИЌ: Можно ли е ова да го направил по ТЕШКИОТ ПОРАЗ?!

Германецот забележа нешто што целосно го изненади

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер вели дека не е изненаден од убедливата победа на Јаник Синер во полуфиналето на Австралија Опен со 6:1, 6:2, 6:7, 6:3.

Германецот смета дека младиот Италијанец можел да ја заврши „работата“ против најдобриот во светот во три сета.

– Не сум изненаден што победи Јаник Синер, но сум поради начинот на кој дојде до триумф. Требаше да го добие мечот во три сета. И лани „чукаше на врата“, а сега порасна. Ја задржа присебноста и одлично сервираше до самиот крај. Фактот што Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски повратник, немаше ниту една брејк топка кажува се за овој меч – изјави Бекер.

Тој смета дека Новак не бил во добра форма во текот на целиот турнир.

Борис Бекер

– Ако зборуваме за формата, ова не беше најдобриот Австралија опен на Ѓоковиќ. Не наоѓаше форма, ритам, сервис никаде во близина на најдобрите во сите негови мечеви, а денеска насочи кон силен противник.

Она што го шокираше е начинот на кој Новак го прифати поразот, беше премногу смирен, што не е во согласност со неговиот темперамент.

– За мене се изненадувачки сцените на крајот од натпреварот. Не се сеќавам кога го видов Ѓоковиќ толку опуштен по поразот. Можеби сфати дека не е во добра форма и дека не загуби поради немање среќа, туку затоа што противникот денеска беше подобар. Тоа е знак на шампион, дека се помируваш со фактот дека денеска не беше твој ден – изјави Борис Бекер.