Состојќи:
- 1 мал карфиол
- 2 моркови
- 2 лажици кисела павлака
- 1/2 лимон
- 1 коцка супа од зеленчук
- 1 литар вода
- сол, бибер
- свеж магдонос
Подготовка:
1. Карфиолот добро измијте го под ладна вода, истото направете го и со морковите и исечкајте ги на помали парчиња.
2. Ставете го зеленчукот да се свари. Кога водата ќе зоврие, додадете ја коцката за супа, бибер и сол по вкус.
3. Гответе 15 минути (проверете со вилушка дали доволно омекне), па измешајте го во блендер. Претходно, одвојте неколку поголеми цветчиња карфиол, кои ќе ги вратите во чорбата кога ќе биде готова.
4. Пред сервирање додадете павлака и сок од лимон, нежно измешајте и посипете со магдонос.