Белгискиот напаѓач ја воодушеви Франција: За четири минути постигна хет-трик

Во 27. коло од француската Лига 1, на натпреварот помеѓу Клермон и Ленс, забележан е еден од најбрзите хет-трикови во историјата на фудбалот.

Оваа извонредна изведба е дело на младиот Лои Опенд (Лоис), кој е од Белгија и кој учествуваше и на Светското првенство во Катар.

Се играше мирно до 31. минута кога Опенда го постигна првиот гол. Само три минути подоцна домашната екипа направи нова катастрофална грешка. Дефанзивците ја загубија топката и Опенда повторно одлично се снајде во извршувањето.

Во неверојатен налет, ниту минута по вториот гол, одбранбените играчи на Клермон повторно погрешија, а Опенда по третпат погоди за само четири минути.

Натпреварот заврши со победа на Ленс со 0:4, а последниот гол на натпреварот го постигна Алексис Клод-Морис во 76. минута. На тој гол учествуваше и Опенда кој му асистираше на својот соиграч.