Белгиски институт: Пронајдени остатоци на најверојатно најтешкото животно досега

 – Кралскиот белгиски институт за природни науки (RBINS)) соопшти дека на брегот на Перу се пронајдени останки на веројатно најтешкото животно што некогаш живеело – древен вид кит.

Perucetus colossus, кој пливал покрај брегот на денешен Перу пред 39 милиони години, се натпреварува со синиот кит за титулата најтешко животно досега, се вели во соопштението на Институтот.

Палеонтолозите, меѓу кои и Оливие Ламберт од белгискиот институт, проценуваат дека синиот кит може да тежи помеѓу 100 и 200 тони, а откриениот изумрен морски цицач тежел помеѓу 85 и 340 тони.

Откритието укажува на тоа дека китовите имале фаза на екстремен раст во претходниот период од нивната еволуција отколку што се мислеше претходно.