Белгија го одбрани домашниот терен на мечот со македонските одбојкари

 – Белгија вечерва ја победи македонската одбојкарска репрезентација со 3:0, по сетови 27:25, 25:23 и 26:24.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски во трите сегменти беа на чекор до освојување сет, но на крајот не успеаја ниту еднаш да се радуваат.

Ова беше натпревар од 4. коло во Златната европска лига по кое Македонците со пет бодови се на 3. место во Б-групата.

Украина е прва со максимални девет бода од три средби, Белгија е втора со шест бодови од четири натпревари. Последна е хрватската репрезентација со еден бод од три кола.