Белград е месноста со најмногу дожд на територија на општината Кавадарци

Белград е месноста со најмногу дожд на територија на општината Кавадарци во изминатите 24 часа, до осум часот изутринава, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа, задолжените за агрометеоролошките станици поставени на повеќе локации. 

– Во Белград наврнал воден талог од 25 литри на квадратен метар. Во Дреново 15 литри, на Сува Гора кај Бегниште 14 литри, 10 литри во Марена, а девет литри во месноста Овчка река кај Кавадарци, соопштија од Локална самоуправа Кавадарци. 

Податоците од агрометеоролошките станици ги подготвил Доне Илов од  Општина Кавадарци, во соработка со метеоролог од тимот Агровардар, Глигор Тодоров.