Појадок благодарение на кој Северина ослабе 7 кг: Вкусен е, се прави брзо и лесно, а ќе ве држи сити со часови

Северина, без сомнение, е една од најубавите пејачки на овие простори. Иако има 51 година, на нејзината линија можат да и позавидат и многу помлади.

Сепак, иако е лесно да се помисли дека едноставно е родена под среќна ѕвезда, а својот изглед и го должи на генетиката, Северина во една прилика демантираше се и објасни дека на нејзината линија и како работи, како и дека само како и сите други жени и таа има денови кога се „опушта“ и става некој килограм „дополнителен“.

„Сакам да јадам многу, па се дебелеам, но потоа не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја поправив исхраната. Решив да имам пет помали оброци, но и пешачам барем по половина час дневно“, додаде таа и ги откри своите навики за вежбање.

„Доволно ми е да вежбам еднаш неделно, а кога се подготвувам за турнеја тренирам три или четири пати. Вежбам рамномерно и го оптеретувам целото тело, а за совршен задник правам и чучњеви. На сите жени би им препорачала да прават по 100 чучнувања дневно и модната писта е нивна“, изјави познатата сплиќанка.

Кога сака брзо да ослабе, ги исфрла сите висококалорични намирници од своето мени, а наместо тоа додава повеќе овошје и зеленчук. Исто така, не консумира ништо што има вештачки бои и адитиви, се труди често да го детоксира телото.
Појадокот е еден од најважните оброци во денот за Северина, но најголемите промени во телото ги забележала кога почнала да консумира смути.

Комбинацијата од морков, цвекло, малина, јагода, боровинка, капина и бадемово млеко испаднала особено добра, а понекогаш додавате и малку банана за да го направите погусто.

Покрај тоа што е богат со исклучително квалитетни состојки, овој вид оброк ве заситува и затоа нема да бидете гладни со часови, а вакво нешто е добар избор и за вечера, бидејќи нема да треба да грицкате што било пред спиење. Секако, во тој случај се препорачува да не се консумираат смути после 19 часот навечер.