Бензема побегна од Арабија! Навивачите го понижија славниот напаѓач: ,,Синот на поразот” поминува низ ужасен период

Карим Бензема ненадејно ја напушти Џеда наводно од лични причини.

Францускиот голгетер не бил ниту на последниот тренинг на Ал Итихад денес, пишуваат медиумите во Саудиска Арабија.

Бензема не минува низ најдобриот период во Арабија. Послабите игри за Ал Итихад доведоа до тоа дека најдобриот играч на светот од 2022 година да стане предмет на жестоки критики од тамошните навивачи, па дури и на потсмев. Меѓу другото, го нарекоа „Бен Хазима “, што на арапски значи „Синн на поразот“.

Карим одговори така што прво го избриша својот Инстаграм профил, а потоа наеднаш го напушти Блискиот Исток.