Бесплатен разглед на Скопје во сабота по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота ќе организира бесплатен разглед на градот Скопје.

Разгледот ќе се одржи во два термини, во 12 и во 13 часот, со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза.

-Во сабота ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи. Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат, велат од Асоцијацијата на туристички водичи.

Истовремено од Асоцијацијата соопштија дека ќе организираат бесплатен разглед и на Охрид и Битола.