БЕЈБИ-БУМ ВО КОВИД БОЛНИЦАТА ВО КРУШЕВАЦ! Речиси 50 лекарки и медицински сестри се на породилно, многу парови беа споени од короната

Речиси 50 медицински сестри и лекари од “ковид болницата” во Крушевац во моментов се на породилно или постпородилно отсуство, што е речиси секоја десетта вработена, пишува Курир.

Огромното мнозинство од нив се медицински сестри и се на породилно отсуство, претежно млади, на кои работата во ковид болницата им е прва, а многу од нив чекаа да поминат 18 месеци, што е неопходно за да имаат платено породилно отсуство, па решија да станат мајки.

  • Имаме 42 медицински сестри и шест лекарки кои се бремени или родилки, а десетина жени успеале да бидат и на породилно отсуство за време на работата во Крушевац, да се породат и да се вратат на работа од породилно отсуство. Веќе еден месец по отворањето на болницата, што беше во декември 2020 година, ги имавме првите вработени кои заминаа на породилно отсуство – истакнува за Курир проф. д-р Зоран Перишиќ , директор на Универзитетскиот медицински центар Ниш, кој е одговорен и за ковид болницата во Крушевац.

Според директорот на УКЦ Ниш, во оваа болница се вработени 125 лекари и нешто помалку од 400 медицински сестри и фармацевти, а меѓу нив има и медицински техничари.

– Сите имаат договори на неопределено време. Околу 70 отсто од вработените се жени и главно помлади. Ги има од цела Србија, од Врање до Белград, а на најмалку половина од нив тоа им е прво работно место – нагласи проф. Перишиќ.