Билка која ги опоравува белите дробови и синусите: Ренот ќе ви ја ублажи кашлицата, ќе ви го олесни дишењето и ќе ве исчисти, но само ако го подгответе вака

Коренот на рен, кој е малку лут, содржи важна состојка – сингрин, но и кумарини, феноли, есенцијално масло, аспарагин, пероксидаза, смола, скроб и сахариди.

Поради сите овие состојки, ренот е идеален за здравјети, особено кога станува збор за респираторни проблеми.

Ренот може да се купи на пазарот во текот на целата година, а во зависност од проблемот што го имате, консумирајте го на следниве начини:

Чистење на белите дробови

Фоколку сакате да ги исчистите белите дробови, без разлика дали сте пушач или непушач, подгответе чај од рен. Десет грама рендан корен од рен прелијте со два децилитри врела вода. Покријте го чајот и оставете го да се свари неколку минути. Вака подготвениот напиток треба да се пие два до три пати на ден во мали чаши.

Астма

Ако имате астма, се препорачува да сварите шолја јаболков оцет и четири лажици рен за ублажување на симптомите.

Кога рен ќе омекне при готвење во оцет, треба да се исцеди, а на добиената количина на рен треба да се додаде иста количина мед.

Добиената смеса полека варете ја додека не се згусне, а потоа оставете ја кашата да се излади. Ваквата смеса од рен се зема по малку наутро и навечер.

Кашлица, затнат нос и отежнато дишење

Ако имате кашлица или отежнато дишење, направете мешавина од една кафена лажичка свежо изрендан рен измешана со една кафена лажичка мед. Земете ја оваа смеса секое утро на празен стомак еден месец.