Украина: Русија со беспилотни летала го погоди пристаништето Измаил

– Русија во текот на ноќта го погоди пристаништето Измаил во Одеската Област во Украина.

Од командата на украинските воздухопловни сили е наведено дека во текот на ноќта Русија извршила напад на украинска територија со беспилотни летала од типот „Шахед“.

Соопштено е дека руската армија лансирала 38 беспилотни летала од југоисточен правец.

Началникот на воената администрација на областа Одеса, Олег Кипер, изјави дека Русија ја нападнала Одеса со беспилотни летала. Тој истакна дека повеќето беспилотни летала биле соборени.

„За жал, погодена е пристанишната инфраструктура во областа Измаил, а две лица се повредени“, рече Кипер.

Тој додаде дека во нападот биле оштетени контролниот пункт и зградата на магацинот и дека се запалиле околу 30 камиони и шест приколки, но дека пожарот е изгаснат.