„Ова е срам и за Карлеуша и за телевизијата“ Саша Поповиќ не запира! Канон од нови „обвинувања“ против дивата (фото)

Сезоната на „Ѕвезите на Гранд“ почна да се емитува минатиот викенд во истиот временски појас како што тоа го прават со години.

На друга телевизија, истиот ден, во исто време, пејачката Јелена Карлеуша ги промовираше своите нови албуми. Г

леданоста на двете телевизии беше главната дискусија на социјалните мрежи во дадениот период. Карлеуша објави дека нејзината емисија е најгледана во тоа време, додека Гранд објавија дека тие се најгледани.

Саша Поповиќ застана пред камерите на српските телевизии и најискрено проговори за Јелена Карлеуша.

– Јелена Карлеуша, секако, ги фалсификуваше резултатите, објави дека е најгледана во регионот, тоа е навистина скандал. Јавете ѝ се и прашајте зошто го прави тоа. Јас дојдов кај вас и кај многу други, нека дојде да каже зошто ги фалсификувала резултатите. Уште еднаш ќе повторам, ,,Ѕвездите на Граднд” имааа 23 посто гледаност, а таа шест отсто, знаеш ли колку се шест проценти на националната фреквенција, тоа е како статистичка грешка!

Во Македонија ние имавме 37 проценти, а таа само седум. Во Босна ние имавме 31,2 отсто, а таа 0,2 отсто. Толку е разликата, тоа е нејзината пропаст и срам за таа телевизија – почна Поповиќ, па продолжи:

– Таа сега може да го каже најлошото за ,,Ѕвездите на Гранд” и за мене, толку, ова ќе остане во нејзиното CV. Нејзиниот мотив е тоа што мисли дека додека била кај нас емисијата била најгледана. Да, бевме најгледани, но бевме и најгледани пред и после неа. Во овој нов состав, ние сме повеќе гледани отколку кога беше. Народот нема да ја сака.

Потоа изрази жалење кон ЈК, велејќи дека имала нереални услови да биде член на жирито, а смета дека тоа најмногу ја боли затоа што на нејзиното место се најде Цеца Ражнатовиќ.